За нас


Запознајте не

За нас

Контранс е основана во 2003 година со идејата за логистички услуги кои се прилагодени на специфичните потреби на секој клиент. Денес, по 14 години од основањето на Контранс го раководи високо стручен тим кој е подготвен да до најмалите детали планира и ги спроведува сите комплексни задачи на транспорт, складирање и дистрибуција. Контранс поседува модерна флота се состои од камиони и комбиња.Нашите луѓе се обучени да овозможат персонализирана услуга, со вистинска комбинација од цена и време потребно за транзит за да се исполнат целите на нашите клиенти. Ние навистина се грижиме за оптимизација на цената, но не се натпреваруваме само со тарифите, туку нашиот вистински предизвик е да најдеме иновативни решенија за нашите клиенти за да бидеме еден чекор пред конкуренцијата. Сосема свесни за тоа колку е важно да се одржи вистинскиот проток на товар и проток на пари во денешниов динамичен свет на секојдневни промени, ние секогаш им даваме на нашите клиенти соодветни и навремени информации за секој детаљ поврзан со нивните вредни пратки. Ова е тоа што нѐ прави различни од нашата конкуренција и ја прави нашата услуга единствена. Веруваме дека Контранс ќе биде вашиот најдобар избор за посветено и вешто справување со вашата вредна пратка, затоа што ние сме доволно големи да озбезбедиме квалитетна услуга и доволно мали за да одржуваме одлична флексибилност и да ги задоволиме вашите потреби.

Повеќе