Нашите услуги


Нашите услуги

Поморски транспорт

Преку мрежата на нашите деловни партнери во пристаништата во Солун, Пиреа, Драч, Варна, Бургас, Истанбул, Копер нудиме:

  • Oрганизација на поморско контејнерски превоз детална информација за движењето на пратките
  • Oрганизација на пристанишни услуги, манипулација на контејнери во пристанишни терминали
  • Oрганизација на превоз на контејнерите од пристаништата до примачите на пратките
  • комбиниран транспорт со камиони и железница

Нашите услуги

Камионски транспорт

Обезбедуваме решенија за камионски транспорт според вашите потреби. Како воспоставен лидер во секторот логистика имаме загарантиран простор и достапност за сите балкански земји, со транзитно време во зависност од вашиот буџет и потреби, давајќи максимална сигурност и економичност за вашата компанија.


Нашите услуги

Авионски транспорт

Следејќи го проширувањето на нашиот тим со високо обуцени професионалци, од 2016 година нудиме првокласен глобален авионски карго транспорт, на основа на соработка со сите Авиокомпании кои оперираат од/до Скопје и регионалните аеродроми. Нашата услуга не е ограничена само на аеродромот, туку вклучува и целосен опсег на услугите „од врата до врата“. Исто така, на барање достапни се и карго чартер летови. Редовно ги следиме пратките и ги информираме нашите клиенти за нивниот статус и локација како и за претпоставеното време на пристигнување.