бродски транспорт

Бродски транспорт прилагоден на вашите потреби.

Во соработка со водечки бродски компании нудиме услуга преку сите регионални пристаништа (Солун, Копер, Риека, Плоче, Бар, Драч,Варна, Бургас). Нашата компанија има многу добри релации со водечките бродски превозници кои работат во регионот како MSC, ООCL, Cosco, Maersk, CMA, Arkas итн. Услугите опфаќаат:

  • FCL – Транспорт на цел контејнер
  • LCL – Збирни контејнерски пратки
  • RORO – Рефус пратки
brodski transport - KONTRANS - бродски и контејнерски транспорт

1. Поморски транспрот

Контејнерски транспорт (FCL)

Ние го организираме целиот бродски транспорт на принцип на избор од повеќе превозници, со тоа што користиме неколку превозници за да оптимизираме трошокот и времето потребно за транспортниот процес.  Ако Ви треба транспорт на рефусно товарена стока, тешка или вон габаритена стока, или стока која едвај ја собира во контејнер, ние Ве уверуваме дека нашиот комплетен контејнерски транспорт (FCL) го има највисокиот квалитет.

  • Врата до врата испорака на сите контејнери
  • Професионално управување со пратките
  • Посветен оперативе персонал за FCL пратки
  • Оптимизација на Вашите транспортни трошоци и конкурентни цени
  • Употреба на сите типови на контејнери во согласност со потребите и барањата на клиентите

2. Поморски збирен транспорт

Збирен контејнерски транспорт (LCL)

Постојаните измени кај побарувањата на клиентите и зголемениот број на логистички мрежи извршија значителна промена кај структурите на испорака. Наведеното резултираше во пократки животни циклуси на производите и фрагментирани количини на порачки кај клиентите. Како последица на наведеното, малопродажните компании се повеќе се стремат кон намалување на нивните залихи на најниско можно ниво.  

Благодарение на нашата независна мрежа, ние ги поставуваме стандардите во однос на квалитетно управување, намалување на времето од порачка до спроведување на истата, како и во однос на информации за следење на пратката, и притоа клиентите кои не поседуваат време ниту квантитет за консолидирање на карго пратките во цел контејнер, можат да ја искористат LCL (збирни пратки) услугата и притоа да извршат транспорт на своите стоки како дел од групни пратки. 

Наведената услуга им овозможува на нашите клиенти да извршат намалување на залихите со помош на помали количини на порачки како и да профитираат со помош на помали порачки од различни испорачатели (помали серии).

Комплетна услуга и за помали пратки

Brodski transport 2 Port

Нудиме едноставни врата-до-врата решенија со највисоко ниво на веродостојност за времето за транзит – поврзувајќи ги сите економски значајни дестинации.

Во комбинација со нашата експертиза, искуство и ненадмината комбинација на глобален опсег и локални познавања обезбедуваме веродостојно и ефикасно рутирање, и како дополнување, интегритет во распоредот.

Нашиот фокус е да обезбедиме поддршка за нашите ценети клиенти во идентификација и развој на нови пазари – додека се грижиме за одржување на постоечките.