Што е FOB? Што е CIF? Се што треба да знаете за паритетите. (Incoterms)

INCOTERMS® – ПАРИТЕТИ

Inco термини (Incoterms®) или Интернационални комерцијални (Меѓународни трговски) термини се меѓународни термини издадени од Меѓународната трговска комора (ICC), кои нашироко се употребуваат во меѓународните трговски трансакции.

Се употребуваат за да се поделат трошоците и должностите помеѓу купувачот и продавачот. Инко термините се засновани на Конвенцијата на ОН за Договори за меѓународна купопродажба на стоки.

Група Е – Тргнување

  • EXW – Ex Works – Продавачот ги става стоките на располагање во неговиот деловен простор и не покрива никакви понатамошни трошоци.

Група F – Главниот превоз не е платен

  • FCA – Free Carrier – Продавачот му ги предава стоките, извозно оцаринети, на првиот превозник (назначен од купувачот) на наведеното место. Овој термин е погоден за сите видови транспорт, вклучително воздушен, железнички, патен превоз и контејнерски / мултимодален поморски превоз.
  • FAS – Free Alongside Ship – Продавачот мора да ги смести стоките покрај бродот на наведеното пристаниште. Продавачот мора да ги оцарини стоките за извоз.
  • FOB – Free on board – Продавачот мора самиот да ги натовари стоките во бродот, назначен од купувачот, а трошок и ризикот се делат на бродската ограда. Продавачот мора да ги оцарини стоките за извоз.

Група C – Главниот превоз е платен

  • CFR – Cost and Freight – Продавачот мора да ги плати трошоците и превозот за да ги достави стоките до пристаништето кое е крајна дестинација. Ризикот се пренесува на купувачот откако стоките ќе се натоварат на бродот. Осигурувањето е на товар на купувачот.
  • CIF – Cost, Insurance and Freight – Исто како CFR, разликата е во тоа што продавачот мора дополнително да обезбеди и плати осигурување за купувачот.
  • CPT – Carriage Paid To – Продавачот плаќа за превозот до наведеното пристаниште, кое е крајна дестинација, но ризикот се пренесува кога стоките ќе му бидат предадени на првиот превозник.
  • CIP – Carriage and insurance Paid (To) – Продавачот плаќа за превозот и осигурувањето до наведеното пристаниште, кое е крајна дестинација, но ризикот се пренесува кога стоките ќе му бидат предадени на првиот превозник.

Група D – Пристигнување

  • DAF – Delivered At Frontier – родавачот плаќа за превеозот до наведеното место на испорака на границата. Купувачот организира за царинење и плаќа за превозот од границата до неговата фабрика. Пренесувањето на ризикот е на границата.
  • DES – Delivered Ex Ship – Кај стоките кои се доставуваат ex ship, пренесувањето на ризикот не се случува сѐ додека бродот не пристигне во наведеното пристаниште како крајна дестинација, односно додека стоките не му се стават на располагање на купувачот за истовар.
  • DEQ – Delivered Ex Quay – Овој термин е сличен на DES, но до пренесување на ризикот не доаѓа сѐ додека стоките не се истоварат во пристаништето кое крајна дестинација.
  • DDU – Delivered Duty Unpaid – Продавачот му ги доставува стоките на купувачот на местото наведено како крајна дестинација во купопродажниот договор. Стоките не се увозно оцаринети или истоварени на местото кое е крајна дестинација. Купувачот е одговорен за трошоците и ризиците за истоварот, царината и секакво понатамошно доставување подалеку од местото кое е крајна дестинација.
  • DAP – Delivered At Place – Продавачот ги сноси трошоците за испорака до наведеното место како крајна дестинација, исклучени се трошоците за царинење. Ризикот се пренесува на купувачот во моментот на истовар на наведеното место како крајна дестинација.
  • DDP – Delivered Duty Paid – Овој термин значи дека продавачот плаќа за сите трошоци поврзани со превозот и ги сноси сите ризици сѐ додека стоките не бидат испорачани и ја плаќа царината.

Incoterms® - паритети за неупатените

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

en_USEnglish
en_USEnglish